Денес, кога на една компанија ѝ е потребен поголем простор, таа се сели во поголема зграда, ја проширува зградата во која е сместена или реновира. Не може да сведочите на вртење на цела зграда, за разлика од жителите на Индијанаполис, САД, во 1930 година.
Телефонската компанија „Индијана бел“ таа година изградила втора зграда во своето седиште во Индијанаполис, но откако ја подигнала првата и ја свртила за 90 степени. Зградата имала осум ката и тежела 11.000 тони.
Компанијата успеала да ја сврти зградата во периодот од 20 октомври до 14 ноември таа година. Сите 600 вработени лица во зградата работеле секој ден.
Процесот вклучувал продолжување и адаптирање на сите кабли и цевки, а потоа и кревање на зградата и нејзино поставување на тркала. Вработените влегувале и излегувале со помош на подвижен премин кој се движел сосе зградата.
Можеби најинтересниот дел од целата приказна е фактот дека главниот архитект на проектот бил Курт Вонегат Сениор, таткото на познатиот писател Курт Вонегат.
Извор:
openculture.com
Фото: Принтскрин/Youtube