X
 20.10.2022 Живот

Отпор од граѓаните по одлуката да нема месо во училиштата и градинките во германската покраина Фрајбург

Одлуката на Градскиот совет на Фрајбург целосно да се отстрани месото од менијата во градинките и училиштата наиде на отпор кај дел од граѓаните, но и кај Министерството за земјоделство на германската сојузна покраина Баден-Виртемберг.

- Месото е незаменлив дел од урамнотежената исхрана. Затоа Министерството за земјоделство не ја поддржува исклучиво вегетаријанската исхрана. Децата во текот на нивниот развој мора да бидат способни да развијат сопствено чувство за вкус со пробување разни намирници. Затоа во исхраната на децата е вклучено и месото - се вели во соопштението на Министерството.

Одлуката за воведување строго вегетаријанска исхрана во училиштата и градинките наиде на жесток отпор и кај Советот на родители.
Градските власти го објаснуваат воведувањето на вегетаријанска исхрана со зголемените цени за месото и рибата, како и поскапувањето на храната од следната година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот