Според најнови истражувања жените кои живеат во природа живеат подолго. Имено природните средеини помагаат во намалување на стресот и зголемување на социјалната и физичката активност кај нив.
Фото: Pixabay
Истражувањето е спроведено на 108.630 жени во периодот меѓу 2000 и 2008 година, а како фактори се земени возраста, расата, пушењето и социјално-економскиот статус. Во текот на студијата било откриено дека оние кои живеат со најмногу зеленило во област од 250 метри во близина на нивните домови, имале 12% помала стапка на смртност од некаква причина.
Заклучокот на истражувачите е дека зелената вегетација придонесува кон намалување на стресот. Иако во ова време најмногу се избира живот во урбаните средини, мора да се стави акцентот на важноста на зелените површини.
Помалку зеленило значи и помалку општествена активност
Денешните луѓе повеќе време минуваат во автомобилот или зад мониторот, а помалата физичка и општетсвена активност може да доведе до депресија. Ако сакате долг и среќен живот изберете да се опкружувате со природа што почесто.