Иако Фрида Кало е најистакнатата личност на надреализмот, не смееме да ги заборавиме феноменалните жени кои оставиле свој печат.
Ремедиос Варо
На почетокот на Втората светска војна шпанската сликарка Ремедиос Варо и нејзиниот маж, кој бил надреалистички поет, бегајќи од Европа се преселиле во Мексико, каде нејзината сликарска кариера започнува да се развива.
Инспирирана од книжевноста, религијата и природата, таа го создава своето фантастично сликарство. Нејзините слики имале доза на религиска љубопитност. Во нејзината најпозната слика „Celestial Pablum“ се појавува женска фигура која на небото ја храни полумесечината заробена во кафез. Доста специфична слика со многу толкувања, дефинитивно се истакнува во светот на модерната уметност. Таа е олицетворение на надреализмот, бидејќи гледајќи во нејзините слики, се чувствуваме како да сонуваме.
Гертруда Аберкромби
ж
Уметничка која потекнува од Тексас. Позната е по своите мистериозни жени, црни мачки и месечева светлина што го осветлува просторот на сликите. Нејзините слики даваат впечаток како да се надвор од овој свет.
Таа и нејзиниот маж се познати по раскошните џез журки кои се одвивале во нивниот дом, што стои директно наспроти нејзините скромни и едноставни форми.
Хелена Лундеберег
Хелена Лундеберег се смета за најдобрата сликарка на надреализмот во Калифорнија. Таа со својот маж го започнала правецот наречен пост-надреализам што се коси со некои од главните правила на оригиналната идеја на надреализмот.
Леонора Карингтон
Нејзината кариера траела децении и била доста плодоносна. Покрај разновидното сликарство, се занимавала и со скулптура и пишување приказни. Во Франција била вов врска и живеела со Макс Ернест кој, како што веќе е познато, еден од најпознатите сликари на овој правец. После нервниот слом поттикнат од Втората светска војна, таа оди во Њујорк каде во галеријата ги изложува своите дела.
После Њујорк оди во Мексико каде најмногу расцветува нејзиниот магичен надреализам. За разлика од повеќето нејзини современици, таа инспирација не црпела од делата на Сигмунд Фројд туку во скриените страници на нејзиното суштество.
Доротеа Танинг
Живеела во Њујорк каде го запознала нејзиниот иден маж, Макс Ернст. Таа прави слики од жени во сексуален и емоционален набој. Во својот автопортрет од 1942 година наречен „Роденден“, таа е претставена со крилесто митско суштество.
Нејзиното творештво било неисцрпно и полно со едноставни идеи. После смртта на Ернст таа објавува два
мемоари, важни за разбирање на нејзиниот живот и нејзината уметност.