Врската меѓу аутизмот и „вториот мозок“ на телото е појасна од кога било. Нов труд на кој работеле дури 43 научници од повеќе дисциплини открива силна поврзаност помеѓу цревните микроби, имунитетот, генската експресија во нервниот систем и обрасците на исхрана.
Трудот не ги потврдува основните причини за појава на аутизмот, ниту идентификува специфични поттипови. Тој покажува заеднички карактеристики на утробата на лицата со аутизам.
Научниците знаат дека луѓето со аутизам имаат поголема веројатност да доживеат гастроинтестинални проблеми. Основната врска помеѓу цревата и мозокот е релативно нова теорија во науката. Биле направени многу истражувања во областа, но експертите не се сигурни како изгледа здрав микробиом, а уште помалку нездрав.
Новото истражување се обидува да ги спореди постојните податоци за здравјето на цревата и аутизмот. Со помош на алгоритми, авторите откриле врска помеѓу аутизмот и одредени здравствени карактеристики поврзани со исхраната, генската експертија и цревните микроби.
Заклучоците на ова истражување и претходни студии посочуваат на потенцијалната улога на микробиомот во подобрувањето на симптомите на аутизмот, иако научниците не се сигурни како промените во цревата може да се поврзани со промените во мозокот.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay