Сè повеќе и повеќе луѓето користат секаков вид платформи за да разговараат за свеста за менталното здравје, без разлика дали се тоа славни личности или обични луѓе - овој вид видливост е важна за луѓето што се чувствувале осамени.
Професорката Ерин Кастиљо, која им предава на деца со посебни потреби, одлучила својата училница да ја искористи како платформа за едукација и поддршка на нејзините ученици за нивното ментално здравје, со креативна вежба.
Откако неколку од нејзините ученици се обиделе да извршат самоубиство, оваа наставничка пронашла иновативен начин за да ја проверува нивната ментална состојба.
Фото: Erin Castillo
Таа сакала да создаде невербален начин за нејзините ученици да кажат како се чувствуваат, преку полуавтономен систем. Затоа создала табела на која учениците покажуваат како се расположени - од „Јас сум одлично“ и „Јас сум добро“ до „Имам тешкотии“ и „Се наоѓам во тешка состојба и не би ми пречело проверка“ до „Се наоѓам на навистина темно место“.
Истражувањата покажаа корелација помеѓу луѓето со тешкотии во учењето и самоубиственото однесување, особено кај жените, како и со други пречки во развојот, како што е аутизмот.
- Многу луѓе мислат дека се единствените што се борат. Децата треба да слушнат дека не се сами и треба да знаат како изгледа поддршката - вели таа.
- На моите ученици им реков да го напишат името на белешките за да можам да ги проверувам оние што се на двата најдолни дела. Средношколските денови се тешки понекогаш, така што среќна сум што им овозможив безбеден простор каде што можат да ги искажат своите чувства. Ми се допаѓа тоа што учениците можат да видат дека не се сами во борбата - додаде таа.
Нејзината
платформа ги поттикнала и другите наставници во светот да направат нешто слично за да дознаат повеќе за менталната состојба на нивните ученици.
Фото: milestonesandmishaps
Фото: enthusiasm_isourjam
Фото: missginfourth
Фото: ms_wayerski