X
 08.04.2020 Живот

Американски биометриски ласер препознава терористи на 200 метри оддалеченост

Најновиот американски воен ласер „Џетсон“ може да препознае лице на оддалеченост од дури 198 метри со отчитување на отчукувањето на срцето на личноста.

Новата технологија што ја разви Пентагон во блиска иднина би можела да почне да се користи за препознавање терористи по кои се трага, пред снајперски или напад со дрон.

Целта на развојот на овој уред е тој наскоро да стане дел од арсеналот на специјалните американски единици. Прототипот на уредот досегнува до оддалеченост од 198 метри, но експертите веруваат дека идните верзии ќе имаат поголем домет.

Стјуарт Ремали од Канцеларијата за техничка поддршка при Одделението за борба против тероризмот на Пентагон вели дека не би одел толку далеку да каже дека оваа технологија ќе може да препознае некого од вселената, но убеден е дека финалната верзија на уредот ќе има домет поголем од 200 метри.

Американската војска го развива овој систем веќе неколку години. Нејзината цел е кога уредот ќе биде целосно употреблив, да може да го користи единствениот ритам на секое срце за да може да препознае одредено лице во толпа.

„Џетсон“ прво со инфрацрвен ласер ги препознава отчукувањата на срцето, а потоа ги поврзува со одредено лице на сличен начин како што прават сите други системи за биометриска идентификација (на пример, читачите на отпечатоци од прсти).

А кога отчукувањето на срцето ќе го открие присуството на целта, оперативците можат да отворат оган без страв дека би можеле да погодат погрешно лице, тврдат од Пентагон.

Извор: Nezavisne novine
Насловна фотографија: Nezavisne novine
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот