Уште еден терористички напад ја потресе Франција. Најмалку 80 лица беа убиени во јужниот француски град Ница кога камиот удри во толпа која го прославуваше националниот празник во Франција - Денот на револуцијата вчера вечерта.
Доколку навистина станува збор за терористичка група, ова ќе биде вториот голем терористички напад во Франција оваа година - и третиот од јануари 2015 година.
ИСИС односно Исламската држава го нарече Париз „главен град на проституцијата и разврат“ во изјава во која ги потврди нападите во Париз минатата година. Терористичката група исто така изјави дека Франција и „сите нации кои одат по нејзиниот пат се на врвот на листата на Исламската држава“.
Франција го лансираше првиот воздушен напад против ИСИС во Сирија минатиот септември, под капата на претседателот Франсоа Оланд.
Сведоците изјавија дека вчера, за време на терористичкиот напад, вооруженото лице извикувал на француски: „Ова е поради штетата што ја направи Оланд на муслиманите од целиот свет“. Друг очевидец тврди дека напаѓачот кој викал звучел како францускиот јазик да е негов мајчин јазик.
Вил МекКантс, експерт за екстремизам и автор на неодамна објавената книга „The ISIS Apocalypse“ изјави дека нападите врз Франција се остри предупредувања дека земјата треба да престане со напади во Сирија.
Според него, ова е еден начин да ѝ се каже на Франција: „Ако продолжиш да ги бомбардираш нашите позиции, истото ќе ти се случува и тебе, па затоа подобро е да си одите или повеќе цивили ќе умрат“.
Но, како што вели МекКантс тешко е да се шпекулира за резонирањето на ИСИС бидејќи може да станува збор за место каде им се укажува најдобра и најголема шанса.
„Нацијата која е најголем непријател на ИСИС е Америка. И треба да се очекува дека Америка е на врвот на нивната листа. Но, се чини дека за нив е доста тешко да донесат оперативци во оваа земја“, додава тој.
Париз исто така може да е поплодна почва за регрутирање на ИСИС од градовите во некои други западни земји. Тензиите во муслиманската заедница во Франција веќе долго време вријат. Исто така, голем број експерти сметаат дека париските предградија се „инкубатор за тероризам“.
После нападот на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ на почетокот на минатата година, кој го направил оперативците на Ал Каеда, локалните активисти во Париз беа загрижени дека тоа уште повеќе ќе ја подели Франција.
„Се плашам за муслиманите во Франција. Ограничените и исплашените луѓе ќе ги заменат сите муслимани со терористи“, пишува една активистка на нејзината Фејсбук страна.
Пакер го објаснува контекстот на тензиите меѓу Французите и семејствата кои дошле во Франција од Алжир:
„Кога Алжир беше населен од Европејците, во почетокот на 19-от век, оваа земја стана поголем дел од Франција, и така остана се' до 1962 година, кога беше постигната независност, после 8 годишна војна во која загинаа повеќе од 700.000 луѓе. Тешко е да се објасни колку оваа тажна историја е потисната. Филмот „Battle of Algiers“ на режисерот Гило Понтекорво е ремек дело поврзано со востанието и го портретира тероризмот, бунтовниците и тортурата која ја преживеа Алжир - овој филм беше забранет во Франција пет години после премиерата, и се'уште претставува табу тема. На 17 октомври 1961 година, за време на демонстрациите од страна на Алжирците кои беа за независност во Париз и неговите предградија, француската полиција уби 200 луѓе, фрлајќи голем дел од телата од мостот во Сена. На Франција ѝ беа потребни 40 години за да признае дека се случил масакрот, а инцидентот едвај се споменува во училиштата. Колонијалната историја површно се предава.
Ендру Хасеј, британски научник од Универзитетот на Лондонската школа за напредни студии во Париз вели:
„Децата денес живеат опкружени со марихуана, девојки, гангстери, исламот. Тие немаат чувство за историја, немаат чувство од каде доаѓаат, туку имаат мали локализирани делови од арапскиот јазик и делови од исламот за кои воопшто не знаат што значат“.