Честите настинки и инфекции, дигестивните проблеми, болки во прстит, умор, намалена желба за секс, нагли промени во тежината и чести главоболки се проблеми кои укажуваат дека сте под голем стрес и дека морате да го забавите темпото на живеење за да останете здрави.
Дигестигни проблеми – медицинските стручњаци велат дека мозокот е директно поврзан со дигестивниот систем, што значи дека стресот влијае на дигестигните проблеми и/или на апетитот. Ако сте приметиле некоја промена во апетитот или потреба за промена на исхраната голема е можноста да сте несвесно под стрес поради проблеми во Вашата околина.
Многу често настинувате и склони сте кон инфекции – Поради постојаната изложеност на стрес кардиоваскуларниот систем работи отежнато што може да доведе до зголемен крвен притисок и пад на имунитетот. Поради тоа организмот потешко се бори со настинки и инфекции.
Затегање и болки во прстите – стресот често го прати и анксиозноста, а резултатот од тоа може да биде болка или притисок во прстите. Ако чувствувате болки во прстите или силно чукање на прстите тоа може да е знак дека сте под голем стрес и треба да се консултирате со лекар.
Без разлика колку се одмарате, секогаш сте уморни – мозокот и телото под стрес работат повеќе отколку што е потребно. Ако не можете добро да се одморите на начин на кој Ви одговара, тоа со текот на времето ќе почне сериозно да влијае на целокупното функционирање на организмот. Постојаниот умор со кој се будите без разлика колку сте спиеле е знак дека Вашиот мозок работел цела ноќ.
Желбата за секс е намалена – исцрпен и уморен човек кој е под постојан стрес може да има сѐ помала желба за секс без разлика дали се работи за мажи или жени. Стресот ја оневозможува работата на хемиите во мозокот задолжени за сексуалниот нагон.
Ненадејни промени во тежината – стресот може да предизвика губење или зголемување на телесната тежина, во зависност од тоа како личноста се носи со стресот. Некои јадат повеќе и тоа почесто нездрава храна што им служи како утеха, додека други се соочуваат со недостиг на апетит. Во двата случаи промените во тежината може да наштетат на здравјето.
Главоболки или мигрени – ако сте склони кон мигрени, стресот може да да ја влоши и така нарушената здравствена состојба. Стресот е најголем причинител за главоболки и тензија со кои се соочуваат голем број на луѓе, според
истражувањата.