X
 30.05.2016 Здравје

Како брзата храна го оштетува телото?

Не е изненадување дека брзата храна нема многу здрави состојки и има многу штетни состојки, како шеќер и сол. Но, ново истражување спроведено на животни покажува дека консумирањето многу брза храна може да им наштети на бубрезите на сличен начин како дијабетесот од тип 2.


Истражувањето било спроведено на глувци, а било објавено во „Experimental physiology“. Глувците со дијабетес имале слични негативни ефекти и пораст во нивото на шеќер во крвта како и глувците на кои им била давана брза храна.

Истражувањето е мало и резултатите може да ги покажат потенцијалните ефекти кај луѓето, но животинските истражувања ретко даваат дефинитивни одговори, смета д-р Давид Кац од „Јејл“. Ова не е прво истражување кое покажува дека брзата храна влијае повеќе на внатрешниот дел од телото отколку додавање маснотии во стомакот.

Големото консумирање брза храна може да влијае на хормоните, да го промени чувството за вкус, па дури и да го зголеми ризикот од ментални здравствени проблеми. Некои истражувања покажале и врска меѓу јадењето брза храна и ризикот за срцеви болести и воспаленија.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје