Некои од илустрациите на Давид Бонаци ќе мора да ги погледнете двапати за да ги сфатите, но потоа нема да можете да ги исфрлите од глава. Истовремено се духовити и тешки, интригантни и застрашувачки, објективни и многу лични и чудесно едноставни во пристапот на проблемите од современото општество.
Бонаци е уметник од Болоња кој во морето инстаграм-уметници се издвои со својот специфичен стил, став, но и со фактот дека инспирацијата ја добива од реалноста што ни е доста блиска.
Фото: Davide Bonazzi
- Мислам дека инспирацијата е преценета: најважната работа во раѓањето добри идеи е концентрацијата. Илустраторите немаат време да чекаат инспирација, тие мора да ја пронајдат. Колку повеќе го ангажирам својот ум и сум фокусиран на она што сакам да го илустрира, толку подобри идеи добивам. Многу работи ме инспирираат од секојдневниот живот, особено оние што се поврзани со визуелни уметности, филм, стрип - објаснува тој.
Вели дека
илустрациите го прават жив, а сличен ефект имаат и врз оние што ги гледаат.