Доколку барате нешто интересно да правите периодов, тука се сериите и филмовите. Но, доколку ви здодеа гледањето серии или филмови, НАСА има игра за вас која ѝ помага на вселенската агенција да ги мапира коралните гребени низ светот.
Станува збор за видеоиграта наречена „
Немо-нет“ со која виртуелно нуркате во водите низ светот и ги класифицирате коралите на 3Д-слики направени од сателити. Со помош на оваа игра суперкомпјутер на НАСА ги мапира коралите низ светот како што досега не било направено.
Водените површини на Земјата не се мапирани како и земјените делови. До 2012 година само 5% од дното на океаните биле мапирани, вели Вед Чирајат, кој работи на проектот на НАСА. Во 2020 се мапирани само 6% од дното на океаните. Имаме прецизни мапи од цел Марс и од Месечината, но не сме ни приближно успешни кога станува збор за водите на
нашата планета.
Коралните гребени се дом на приближно исто толку животински видови како и тропските прашуми. Тие играат улога во заштитувањето на бреговите од урагани и обезбедување храна за милиони луѓе. Сепак, тешко е да се направат слики од коралите под вода.
Чирајат развил нова технологија која може да прави подетални слики од коралите и другите видови под водата. За да се искористи технологијата со целиот нејзин потенцијал, на НАСА ѝ е потребна помош во препознавањето на сите корали на сликите.
Со новата видеоигра секој играч му помага на суперкомпјутерот да научи како подобро да препознава корали. НАСА очекува на овој начин детално да мапира 65.000 квадратни километри корални гребени. Со деталното мапирање ќе се води сметка за состојбата на коралите, што не било возможно со претходните слики со лош квалитет.
Автор: Адел Питерс
Извор:
fastcompany.com