X
 08.06.2017 Живот

Кинескиот воз на виртуелни шини

Во кинескиот град Жужоу претставен е нов концепт на возило кое би требало од 2018 година да служи како јавен превоз. Новото возило на железничката компанија „CRRC“, Кинезите го нарекуваат „паметен автобус“, но повеќе личи на воз.

Имено, можно е на „локомотива“ која се движи со помош на струја, да се закачат повеќе вагони кои таа ќе ги движи, а најинтересно е што на овој автобус (воз) не му се потребни шини. Се движи по улица, а се што му треба се исцртаните бели линии по патот. По тие „виртуелни насоки“, новото возило може да се движи со брзина од 70 километри на час, а при тоа не е потребна ниту помош од возач. Возилото е долго 32 метри, а може да се сместат нешто повеќе од 300 патници, а со додавање на вагони и повеќе.

Главната предност на ваквиот систем е неговата цена. Многу е поевтино, бидејќи погонот користи вградена батерија, не е потребно градење ниту на електрична мрежа, како што е случајот со трамваите.

Првата траса во Кинескиот град ќе биде долга околу 6,5 километри и во погон ќе биде пуштена следната година.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот