X
 02.02.2024 Технологија

Електрични екраноплани ќе ги поврзат Хавајските Острови

Хавајските Острови порано користеа мрежа од траекти за превоз на луѓе и товар, но сега траектите се заменети со авиони. Локалните авионски линии на островите поврзуваат одредени локации, но меѓу нив секогаш има одредени „дупки“, односно правци кои не можат да бидат соодветно покриени. Затоа, се појави нова иницијатива која сака да ја испита можноста за воведување нов начин на транспорт во рамките на островите.

Брз, евтин и еколошки транспорт

Идејата е да се користат хибридни транспортни средства наречени екраноплани. Како што е познато, станува збор за авиони кои летаат над површината на морето. Тие полетуваат и слетуваат на водени површини, како хидроавиони, а при помали брзини се способни дури и да возат како чамци.

Првиот модел на екраноплан кој ќе се тестира на Хаваи е целосно електричен авион произведен од американскиот производител „Риџент“. Тој може да превезе до 12 патници, а сегашната генерација на батерии му дава домет од околу 296 километри.


Фото: Regent

Поради својата брзина и можноста за полетување и слетување од која било површина на морето, ваквите „морски едрилици“ би можеле да се користат за редовен превоз, но и како транспорт во итни случаи - по ниска цена и без значително влијание врз животната средина.

Локалните власти, приватни компании и организации од заедницата работат на иницијативата со цел да се подобри и модернизира транспортната мрежа. Засега иницијативата е во фаза на истражување, а првите пробни летови би можеле да се случат во наредните години.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Regent
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија