Кофеинот нема секогаш магично дејство. Знаеме што ќе се случи ако пиеме шолја по шолја кафе при обидот да завршиме некој важен проект или да останеме будни во текот на здодевен состанок. Американската војска во понеделникот во списанието „Journal of Sleep Research“ го објави текстот на авторот Жак Рајфман за новиот алгоритам кој може да ја одреди најдобрата количина на кофеин што е потребно да ја земеме во одредено време.
(
Фото: Pixabay)
Рајфман, кој за војската работи на развој на софтвер за биотехнологија со високи перформанси, изјави дека новиот алгоритам може да одреди сигурни, ефикасни решенија за дозирање на кофеинот, кои резултираат со одреден вид будност што нè прави попродуктивни.
Зголемување на будноста за 64 проценти
Бидејќи кофеинот различно дејствува кај секој од нас, Рајфман вршел тестови на психомоторната будност кои алгоритамот го хранеа со податоци за да се пронајде најдобрата стратегија за количините на кофеин и зголемувањето на будноста во одредено време.
„Откривме дека со помош на нашиот алгоритам, кој одредува кога и колку кофеин треба да се земе, можеме да ја подобриме будноста за околу 64 проценти со истата количина на кофеин“, изјави Рајфман за „
Сајнс дејли“. „Алтернативно, лицето може да ја намали количината на кофеин и до 65 проценти и сè уште може да постигне еднакво подобрување на будноста.“