Основците и средношколците денеска се последен ден на училиште. Почнува летниот распуст.
Според податоци од МОН, учебната година завршува за околу 270.000 ученици.
Како што најави МОН, од септември основците ќе учат со намален фонд на часови, а во тек се и предложените законски измени за промени во наставните планови, кои се очекува да бидат усвоени пред почетокот на новата учебна година.
Полуматурантите на 18 и 19 јуни треба да се пријават на првиот уписен рок во јавните средни училишта, а второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 28 јуни. Во август пријавувањето ќе се врши на 23.
Матурантите, пак, утре (9 јуни) ќе имаат тестирање по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.
На 11 јуни е тестирањето по третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13 јуни ќе полагаат кандидатите што се пријавиле за испит по математика.