X
 08.06.2021 Живот

Италија казнила туристи - украле 100 кг песок, школки и камчиња од плажите

Италијанскиот остров Сардинија казнил десетици туристи за кражба на песок и школки од плажите на островот.

Граничната полиција на Сардинија им изрекла казни до 3.000 евра на 41 лице кои се обиделе да го напуштат островот со вкупно 100 килограми песок, школки и камчиња од плажите, пренесува „Јуроњуз“.

Некои туристи дури ги огласиле песокот и школките за продажба на интернет.

Според закон од 2017 година, казната за кражба на песок, школки или камчиња изнесува од 500 евра до 3.000 евра, а украдениот материјал се враќа на плажите.

Извор: euronews.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот