X
 25.06.2017 Култура

Едно од најубавите места во светот ги менува правилата за туристите

Перуанското Министерство за култура најави дека од следниот месец, на патниците кои сакаат да го видат Мачу Пикчу ќе им биде потребна времена дозвола за тура во градот. Турите ќе бидат ограничени на само две дневно, во 6 часот наутро, и во 17.30 попладне.

мачу пикчу
Фото: news.com.au

Ова се прави со цел за зачувување на археолошкиот интегритет на локацијата врз основа на препораките на студијата направена од археолог од САД и Унеско.

Како додаток на купувањето на темпираните билети, туристите ќе бидат исто така обврзани да го посетат Мачу Пикчу со официјален или лиценциран туристички водич во група од не повеќе од 16 луѓе. Претходно постоеше можност патниците да го поминат цел ден целосно независно.
Новите правила ќе влезат во сила на 1 јули и ќе им дозволат на 3600 посетители да влезат во утринската тура, и 2700 во попладневната.

Според весникот Гардијан, бројот на посетители бргу се зголемил во последните години достигнувајќи 1,4 милиони во 2016 година, или 5000 луѓе дневно во просек.

Новите правила ќе бидат во сила две години по што ќе се прават дополнителни прилагодувања доколку е потребно.

мачу пикчу
Фото: news.com.au
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура