Ејч-би-о официјално го најави претпродолжението на „Игра на троновите“. Тоа ќе биде исто така во вид на серија под наслов „House of the Dragon” (Куќата на змејот).
Според информациите, на сценариото ќе работат Џорџ Р. Р. Мартин, Рајан Кондал и Мигел Сапочник, а тоа ќе се заснова на книгата на Мартин – „Оган и крв“. Мартин е автор и на оригиналната „Игра на троновите“.
Новата приказна е сместена 300 години пред онаа во „Игра на троновите“.
Извор: МИА