X
 08.09.2021 Наука

Еве како се движат водните мечки, едни од најиздржливите животни на Земјата

Водните мечки се несомнено чудни. Ако ги оставите да дехидрираат, а потоа ги хидрирате, и понатаму ќе имате живи суштества. Научниците минатата година открија дека имаат специјални ДНК-протеини што ги штитат.

Но, ако ја оставиме нивната отпорност настрана, постојат многу други мистериозни работи. На пример, како се движат овие мали суштества? На крајот на краиштата, станува збор за единствените суштества со толку мало, меко тело што може да се движат. Освен тоа, тие се едни од најмалите животни со нозе за кои знаеме.

1
Фото: Nirody et al., PNAS, 2021

- Една од најневеројатните и првично најизненадувачки работи во врска со способноста за одење на водните мечки е колку се добри во тоа - напиша на „Твитер“, Јасмин Нироди, механички биолог на Универзитетот „Рокфелер“.

- Тие имаат редовен чекор што изгледа неверојатно слично како чекорот и одот на многу поголеми животни - додава таа.

Нироди и нејзините колеги го снимиле одењето на водните мечки за да ја анализираат нивната координација.

- Не ги принудивме да направат ништо. Понекогаш сакаа само да шетаат низ подлогата. Понекогаш забележуваа нешто што им се допаѓа и трчаа кон него - вели Нироди.

2

Тимот зел неколку водни мечки и ги поставил на различни површини, откривајќи дека нивната шема на одење е слична со таа на инсектите - иако двете групи имале неверојатно различни големини и се создадени од различни нешта.

Исто така, тимот снимил како водните мечки се обидуваат да одат по стакло и други површини за да откријат како различните услови го менуваат нивното одење.

- Откривме дека водните мечки го приспособуваат своето движење кога одат по помеки подлоги. Оваа стратегија е забележана кај членконоги за тие да можат ефикасно да се движат по течни или грануларни подлоги - велат истражувачите.

водени мечки
Движење на водена мечка на стакло /Фото: Nirody et al., PNAS, 2021)

Зошто водните мечки одат слично како инсектите, и понатаму останува отворено прашање. Истражувачите не се сигурни дали би можело да имаат заеднички предок со инсектите или начинот на одење еволуирал.

Извор: Science Alert
Фото: Lisset Duran
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука