X
 14.02.2023 Култура

Излезе трејлер за новото продолжение на „Брзи и бесни“

Десеттиот дел од „Брзи и бесни“ ја враќа франшизата назад до своите корени.

- Не е случајност тоа што сме тука во Лос Анџелес, каде што започна сè - изјавил Вин Дизел, продуцент и актер во познатиот филм.

Дизел зборувал пред премиерното прикажување на трејлерот за „Бесните X“ (Fast X), десеттото продолжение од филмот.

- Вие сакавте да се вратиме на улиците во Лос Анџелес. Вие сакавте да му се вратиме на тркањето. Вие сакавте да им се вратиме на автомобилите кои ја направија оваа франшиза тоа што е - додал Дизел.


Во новиот филм приказната ќе се одвива неколку години по приказната во претходниот дел, а негативецот го игра Џејсон Момоа. Тој сака да му се одмазди на Доминик Торето, кој го игра Дизел, за настани во минатото и го киднапира неговиот син.

Во новиот филм играат и Мишел Родригез, Лудакрис, Хелен Мирен, Џон Сина, Бри Ларсон и Рита Морено, меѓу другите. Филмот ќе пристигне во кината на 19 мај.

Извор: Insider
Насловна фотографија : Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура