Познато е дека американската Влада е таинствена кога станува збор за случаите на НЛО, но американското Министерство за одбрана сега се обидува да биде потранспарентно. Министерството објавило документ кој ги открива жариштата на случаи на НЛО низ светот. Била направена мапа која ги покажува областите каде што биле забележани најмногу случаи на НЛО од 1996 до 2023 година.
Меѓу другото, мапата укажува на жаришта на НЛО во Нагасаки и Хирошима, Јапонија, источниот и западниот брег на САД, особено Калифорнија и делови од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Ирак и Сирија.
Во Јапонија, регионот кој ги опфаќа Нагасаки и Хирошима се издвојува како жешка точка. Овие градови беа неславни цели на американските нуклеарни напади во 1945 година. Друго јапонско жариште е градот Иномачи во префектурата Фукушима, кој често се нарекува „град на НЛО“. Иномачи е дом и на Меѓународната лабораторија за НЛО, која е основана во 2021 година и ја води ентузијастот Такехару Миками.
Во јуни лабораторијата објави шест слики од „веројатни НЛО“, извлечени од 494 извештаи добиени во текот на една година. Сепак, за повеќето од овие НЛО се покажало дека се беспилотни летала, птици или едноставно рефлексии.
Мапата на американската Влада е дел од документот „Трендови за известување на UAP“, достапен на нова веб-страница на ААРО, одделот за НЛО што бил формиран минатиот јули. Веб-страницата има цел да ѝ обезбеди на јавноста информации за напорите на ААРО да ги разбере и разреши неидентификуваните појави. Исто така, ветува дека ќе сподели декласифицирани фотографии и видеа од решени случаи на НЛО.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија:
AARO