Нобеловата награда за мир годинава ја добија новинарите Марија Реса и Дмитри Муратов за нивните напори за зачувување на слободата на изразување, што е предуслов за демократија и мир, пренесе Си-ен-ен.
Марија Реса и Дмитри Муратов
Фотографии: Wikipedia
Ова е 102. доделување на оваа награда, а меѓу претходните добитници се и Нелсон Мандела, Мартин Лутер Кинг Јуниор, Лех Валенса, Михаил Горбачов и четворица американски претседатели.
Насловна фотографија: nobelpeaceprize.org