X
 29.11.2016 Живот

Францускиот претседател се сомничи дека издавал воени тајни


Франсоа Оланд

Дали францускиот претседател Франсоа Оланд овозможил објавување на тајни документи? Француското правосудство отворило истрага по обвиненијата на опозициската десница која сè пожестоко го напаѓа претседателот во пресрет на претседателските избори наредната година година.

Објавата на документите со ознака „воена тајна“ за планот за воздушни напади врз режимот во Сирија што излегоа во Le Mondе на крајот на месец август, го поттикнале француското правосудство да отвори истрага.
Авторите на написот, Fabrice Lhomme  и Gerard Davet, кои во меѓувреме објавија шокантна книга со доверливи разговори со претседателот на државата, го кријат идентитетот на своите извори и тврдат дека биле повеќемина.

Сите  погледи се упатени кон Оланд, кој се сретнал со нив повеќепати, и меѓудругото им доверил дека донел одлука за ликвидација на најмалку четворица терористи, се открива во книгата.

Десницата не го поштедува од критика. Премиерот Manuel Valls застанал во негова обрана, но некои министри не ја кријат својата дилема. Од правна гледна точка, претседателот ништо не ризикува, смета професорот по уставно право, Dominique Rousseau, потенцирајќи дека тој е заштитен со имунитет.

За кршење на воена тајна во Франција може да се добијат седум години затвор и казна од 100.000 евра. Министерот за одбрана, Jean-Yves Le Drian, во февруари отворил истрага за објавувањето воена тајна, откако Le Monde објави напис за француските воени инсталации во Либија.

Кога станува збор за планот за напади во Сирија, министерот ги отфрлил критиките истакнувајќи дека документот е стар три години, и се однесува на операција која не се извршила, затоа што била стопирана од страна на американскиот претседател Обама. Не е познато каде и како новинарите го добиле тој документ и дали истиот бил обележан со ознака за тајност. Новинарите тврдат дека го добиле  неколку месеци по самиот настан.

Претседателот во Франција може казнено да се гони откако ќе му истече мандатот, само доколку делата за кои се товари не се однесуваат дирекно на неговата претседателска должност. „Тоа е правно прашање кое може да има различни интерпретации“, вели пратеникот Eric Ciotti.

Можно е и иницирање на интерпелација за претседателот заради тешките пропусти кои не се во согласност со неговата должност, но иницијативата на Републиканската партија во таа смисла неодамна пропаднала во Националното собрание.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот