X
 08.10.2021 Живот

Гутереш: Нееднаквата дистрибуција на вакцини е неморална и глупава

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја осуди нееднаквата дистрибуција на вакцини против ковид-19 низ светот велејќи дека е „неморална“ и „глупава“.

Гутереш зборувал на прес-конференција организирана од Светската здравствена организација (СЗО), на која било изјавено дека целта е да се вакцинираат 40 отсто од населението на секоја земја до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022 година. Сепак, вакцинирањето заостанува и веројатно нема да биде спроведено според целите на СЗО во земјите во развој.

Помалку од 5 отсто од населението во Африка целосно се вакцинирани, додека земјите со високи и средни примања искористиле 75 отсто од сите вакцини што се произведени досега.


Фото: Антонио Гутереш/Wikipedia

- Да се нема еднаква дистрибуција на вакцини не е само прашање на неморалност, туку и на глупавост - изјавил Гутереш.

Во Латинска Америка и на Карибите досега се вакцинирале 37 отсто, речиси двојно помал процент во споредба со Канада. Дури 56 земји во светот вакцинирале помалку од 10 отсто од населението до крајот на септември. Бројот на смртни случаи од ковид-19 во светот се наближува до 5 милиони лица.

Според американскиот Центар за контрола и спречување на болести, невакцинираните лица имаат 4,5 пати поголеми шанси да се заразат со коронавирусот отколку вакцинираните.

Извор: CNBC
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот