X
 31.01.2024 Живот

Влезници по половина цена во сите културни установи за студентите

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој предвидува 50 отсто намалување на цената на влезниците за сите студенти што ќе приложат индекс со заверен семестар за влез во националните установи.

Овој Меморандум ги опфаќа сите национални установи во државата, а целта е студентите да имаат еднаква можност на културната сцена, да се зголеми нивното присуство во културните установи, да имаат можност да ги посетат сите културни настани што ги организираат сите национални установи во државата, и ќе се помогне за олеснување на нивниот стандард.

Министерката Костадиновска-Стојчевска по потпишувањето на Меморандумот изјави дека со ова вложуваат во идните генерации и претставуваат пример како понатаму треба да се регулираат нивните права и обврски.

- Она што досега беше регулирано само на ниво на установи, сега го регулираме на ниво на цело Министерство, со тоа што на локалните установи само ќе им укажеме дека оваа мерка ја потпишавме, потоа тие ќе одлучат како понатаму ќе постапат. Студентите, односно младите беа и се во фокус од самиот почеток на мојот мандат, тоа го предвидовме и во Законот за култура, кој е во работна верзија, каде што предвидовме нула работно искуство, односно категории со нула работно искуство, при што им овозможуваме на студентите да можат веднаш да се вработат во некоја од националните установи - рече министерката.

По потпишувањето на Меморандумот, Николовски изјави дека ова е дел од програмата на Универзитетското студентско собрание за подобрување на студентскиот стандард и студентските можности во нашата држава.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот