08.10.2021
Живот
ВИДЕО: Грижата за езерото е во нивната природа - Запознајте ја групата нуркачи кои секојдневно го чистат езерото
Никола Паскали, заедно со своите пријатели од клубот „Акватек“ од Охрид, би биле најсреќни доколку се само нуркачи кои уживаат во длабочините на Охридското езеро. Но, нивната вредност е многу поголема затоа што се грижат езерото да биде чисто. Не само што треба да сме среќни што имаме луѓе како нив, туку постојано треба да ги истакнуваме како позитивен пример кој ќе не инспирира како треба да се грижиме за природата.
Погледнете го инспиративното видео на охридските нуркачи кои посветено го чистат езерото од смет и инспирирајте се.
Малку е потребно да направиме да биде убаво. За почеток можеби добро е повеќе да се фокусираме на убавите работи кои се случуваат околу нас, да иницираме повеќе активности за заштита на природата и да покажеме дека Заедно и сѐ е можно!
(Комерцијална објава)