Првото вработување е една од поважните пресвртници во животот на секој млад човек. Со него доаѓа првата плата, поголема финансиска самостојност, но и првите одлуки што можат да имаат значење многу подолго од првиот работен месец. Затоа во
КБ Прво пензиско друштво веруваме дека токму тогаш треба да започне и интересот за сопствената пензиска заштеда.
Финансиската информираност не е тема што треба да се отвори дури кога пензионирањето ќе дојде блиску. Напротив, важно е уште од првите години на кариерата да се знае каде се уплаќаат средствата, како се управува со нив и како може да се следи состојбата на индивидуалната сметка и целокупната пензиска заштеда.
За членовите на Задолжителниот пензиски фонд, односно вториот пензиски столб, 6 % од бруто-платата се распределуваат и евидентираат на индивидуалната сметка на членот. Средствата на индивидуалната сметка друштвото ги инвестира согласно законската регулатива и утврдената инвестициска политика, со цел остварување принос, кој потоа се распределува на сметките на членовите. Тоа се лични средства, кои се предмет на наследување и во кои вработениот може да има редовен увид.
Како одговорно пензиско друштво, сакаме на нашите членови да им овозможиме полесен пристап до информациите поврзани со нивната пензиска заштеда и подобар увид во она што се гради во текот на работниот век. Зелениот плик од КБ Прво, кој доаѓа на вашата адреса на живеење, е првиот и основен начин за информирање и следење на средствата. За нештата да станат полесни, ги воведовме и нашите
дигитални услуги, што го прават овој процес поедноставен и поеколошки.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229
(Комерцијална објава)