X
 17.03.2020 Образование

Намален бројот на основци и средношколци во 2018/2019 во споредба со претходната учебна година

Во редовните основни училишта во земјава настава во 2018/2019 посетувале 186.679 ученици, што е намалување за 1,0 отсто во споредба со претходната учебна година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, намалување од 1,2 процент минатата учебна година во споредба со предминатата имало и на бројот на ученици во редовните средни училишта во кои настава посетувале 70.025 средношколци.

Во објавата на ДЗС се содржани податоци за училишта, паралелки, ученици и наставници во основното и во средното образование според наставните јазици, успехот на учениците на крајот на 2018/2019, а покрај за редовните, податоци има и за специјалните и за верските училишта.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование