Во мај 1972 година техничарите во фабриката за збогатување на ураниум „Трикастин“ во Франција имале неверојатно откритие. Една пратка на ураниумска руда од рудникот „Окло“ во африканската земја Габон содржела 0,71% од изотопот ураниум-235, наместо 0,72%, колку што се наоѓа во природата. Оваа разлика, иако мала, била доволна за да се активира алармот.
Техничарите се сомневале дека некој во Габон го менува изотопот за да го користи за нелегални потреби, можеби за производство на нуклеарно оружје. Француската комисија за атомска енергија испратила тим во Габон за да ја истражи ситуацијата. Не биле откриени докази за кражба на ураниум, а било откриено дека самата руда била различна.
Одредени примероци имале концентрации на изотопот ураниум-235 од дури 0,44%, додека некои делови содржеле големи количества на други изотопи што често се наоѓаат во потрошеното гориво во нуклеарните реактори.
Франсис Перин, поранешен комесар на Франција за атомска енергија, заклучил дека пред околу 2 милијарди години, пред да се развие сложен живот на Земјата, во „Окло“ се случила верижна нуклеарна реакција. Со други зборови, „Окло“ претставува остаток од древен природен нуклеарен реактор.
Јапонско-американскиот хемичар Пол Курода во 1956 г. прв ја поставил теоријата за постоењето на природни нуклеарни реактори.
Според експертите, пред милијарди години, кога се формирала Земјата, процентот на ураниум-235 во самиот ураниум бил повисок - околу 30%. Пред 2 милијарди години тој изнесувал околу 3%, исто како во
нуклеарното гориво што денес се произведува од човекот. Геологијата во областа околу рудникот „Окло“ исто така играла улога во формирањето на природниот реактор и овозможувала водата од дождот да се собира околу ураниумската руда и да ја започнува верижната нуклеарна реакција.
Реакциите во реакторот престанале кога концентрацијата на ураниум-235 во ураниумот паднале под 3%. Научниците откриле дури 17 природни реактори во Габон, а биле уништени 16 од нив. Последниот природен реактор бил зачуван за истражувачки цели.
Автор: Џилс Месиер
Извор:
todayifoundout.com