X
 08.07.2020 Живот

Покачувањето на радиоактивноста во Северна Европа е поврзано со активен нуклеарен реактор

Од Меѓународната агенција за атомска енергија изјавиле дека покаченото ниво на радиоактивност минатата недела беше забележано во Северна Европа е поврзано со активен нуклеарен реактор.

Минатата недела Националниот институт за јавно здравје и околина во Холандија изјавил дека било забележано покачено ниво на радиоактивни изотопи во делови од Финска, Јужна Скандинавија и Арктикот. Оттаму велат дека радиоактивноста доаѓала од Западна Русија. Москва ги негираше шпекулациите за потенцијално оштетување на некоја од нивните нуклеарни централи.


Фото: Pixabay

Според Меѓународната агенција за атомска енергија, повисоките нивоа на изотопи веројатно се поврзани со нуклеарен реактор кој функционира или е во фаза на одржување, кога може да се испуштат мали радиоактивни супстанции. Оттаму додале дека изворот не бил географски одреден.


Сепак, велат дека веројатно не станува збор за централа за преработка на нуклеарно гориво, базен со потрошено гориво или користење радијација во индустријата или медицината. Малата концентрација на радиоактивни честички во воздухот не предизвикува ризик за здравјето на луѓето или околината.

Извор: neweurope.eu
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот