Во минатото повеќето од светските лидери, филозофи и иноватори биле мажи. Сепак, многу работи што ги познаваме и ги сакаме денес всушност биле создадени од жени.
Овие пронајдоци придонеле многу во нашиот начин за живот и ни помогнале да ја оформиме насоката на човечката историја. Еве неколку такви примери.
1. Електричен фрижидер
Фото: Pixabay
Децении пред пронаоѓањето на фрижидерот кутиите со мраз биле начин на кој се чувала храната студена и свежа на соодветна температура.
Но, работите се промениле кога Флоренс Парпарт стапила на сцена. Записите од патентите покажуваат дека таа го измислила фрижидерот.
Што недостигало?
Електрична енергија. Таа морала да дизајнира начин за електричното коло да поминува низ фрижидерот и да работи за да го одржува ладен.
Фрижидерите работат со претворање различни течности во гас, како што е фреонот. По проширување во нивната гасна форма, тие ја извлекуваат топлината однадвор и подалеку од храната.
2. Првиот третман за лепра
Лепрата предизвикува промена на бојата на кожата на некои места. Таа го мачела човештвото речиси цело време откако постои. Ги инфицира кожата, мозокот, мукозните мембрани, очите, устата и носот.
Лепрата е неверојатно тешка болест за лекување. Некои епидемии се искоренети, а болеста останала кај многу луѓе. Благодарение на Алис Бол, која открила метод што подоцна ќе стане првиот ефикасен третман за лепрата. Чаулморгаво масло, екстракт од семиња од дрво, било маргинално ефикасно во тоа време, но не можело да се јаде без да предизвика гадење и повраќање. Кога се инјектирало, маслото не се ширело правилно низ кожата.
Како хемичар, Бол открила начин да ги изолира масните киселини што предизвикувале маслото да не се шири правилно. Таа ја создала првата верзија на инјекции што ја завршиле работата.
3. Бришачи
Бришачите им помагаат на возачите да бидат безбедни и јасно да го гледаат патот пред себе. Сето ова е благодарение на изумот на Мери Андерсон. На 10 ноември 1903 година Андерсон поднела патент за уред што стигнувал до надворешните прозорци од внатрешноста на автомобилот и го чистел стаклото од дожд или снег.
4. Шприц што се става со една рака
Историјата на медицинските пронајдоци е полна со обиди и грешки, што подразбира апсолутен ужас или спасение во животот или смртта на пациентот кој има потреба од медицинска помош. Низ вековите, многумина се бореле да го создадат шприцот каков што го познаваме денес, но никој не можел да го направи тоа како што треба.
На 12 февруари 1896 година, Летиција Мамфорд Гир ја поднела првата пријава за патент за шприц што се става со една рака. Технички, слични шприцови имало, но никој не бил корисен како модел за со една рака.
5. „COBOL“
„COBOL“ (Common Business Oriented Language) е компјутерски јазик што произлегол од Конференцијата за јазиците на информатичките системи во 1959 година, а бил измислен од страна на Грејс Хопер, адмирал на морнарицата, која исто така развила и голем број информатички технологии за компјутери.
Иако „COBOL“ престанал да се користи во 90-тите години, првично служел како јазик што им овозможувал на компјутерите од различни производители полесно да зборуваат едни со други.
Фото: Pixabay
6. Безжичен интернет
Актерката Хеди Ламар се сметала за исто толку убава колку и паметна. Таа отишла во Америка за да избега од нацистичка Германија и таму изградила нов живот.
Пред да се прослави, таа работела на создавање уред со кој би се намалиле сигналните проблеми во телекомуникациите за време на Втората светска војна. Овој дизајн станал фундаментален во многу технологии, вклучувајќи го и безжичниот интернет.
7. Чоколадни колачиња
Овие колачиња биле создадени од Рут Грејвс Вејкфилд. Најдобриот дел е тоа што рецептот настанал сосема случајно.
Во 1930 година Рут сакала да направи путер-колачиња од чоколадо, но немала чоколадо за готвење. Наместо тоа, таа зела обично чоколадо, го исекла на парчиња и го ставила во колачињата надевајќи се дека чоколадото ќе се рашири низ колачите еднакво додека се пече.
Иако погрешила, колачињата се покажале како дефинитивен хит.
8. Компјутерски софтвер
Компјутерскиот софтвер бил измислен од жена. Ада Ловлејс била Англичанка, ќерка на поетот Бајрон.
Таа открила начин како аналитичкиот мотор (првиот компјутер) може да се научи да пресметува одредени типови броеви. И со тоа се родил компјутерскиот софтвер.
Првиот компјутерски јазик бил наречен „Ада“ токму по неа и сѐ уште е во употреба.
9. Електричен бојлер
Електричниот бојлер бил создаден во 1917 година од Ајда Форбс. До денес, таа сѐ уште добива благодарност во рекламите, па дури и производите се со нејзиниот оригинален дизајн.
10. Пиво
Пивото има долга, чудна и интересна
историја. Било намерно направено пред околу 7.000 до 9.000 години. Историчарите истакнуваат дека сите одлуки за пивото и неговото создавање ги решавале жените.
Низ годините, рецептите биле правени и усовршувани од анонимни жени кои го создавале најдоброто пиво за своите заедници.