X
 15.03.2018 Наука

Како луѓето ја преживеале ерупцијата на Тоба пред 74.000 години

Ерупцијата на супервулканот Тоба пред околу 74.000 години, која предизвикала вулканска зима која траела околу една деценија, за малку ќе го ставела човештвото во сенката на неговата пепел. Или пак така мислиме. Новите докази, кои биле закопани под африканското тло, скоро 9.000 километри подалеку од местото на колосалната експлозија, откриваат друга приказна. Според таа приказна, Тоба исфрлил смртоносен тантрум, но некако луѓето преживеале.

Кога индонезискиот супервулкан еруптирал, прекривајќи околу 2.800 километри квадратни од околната област со вулканска пепел, тој исфрлил и други, речиси невидливи нешта од внатрешноста: криптотефра, односно микроскопски фрагменти од стакло кои биле исфрлени во атмосферата и летале во воздухот пред да паднат на површина.

Речиси 75.000 години подоцна, едно такво парченце му падна во очи на геоархеологот Панагиотис Карканас од американското Училиште за класични студии во Грција додека тој разгледувал под микроскоп седимент земен од археолошка локација наречена „Пинакл Поинт 5-6“, лоцирана долж јужниот брег на Јужноафриканската Република.


Фото: Science Alert

-Тоа беше едно парче од милиони други минерални делови кои ги проучував. Но, јас бев таму и не можеше да биде нешто друго - вели Карканас.

Понатамошните анализи на хемискиот потпис на парчето и на друг фрагмент, откриен девет километри подалеку, потврдува дека двата потекнуваат од супер-ерупцијата. Но, тоа не е се што тимот нашол. Како што копале, макотрпно анализирајќи го секој сантиметар од еден од карпест слој дебел метар и пол, тимот открил и камени артефакти, коски и други културни остатоци од античките Африканци кои живееле таму. Археолошкото досие сугерира и дека ерупцијата не ги попречила животите на луѓето.

-Овие модели ни кажуваат многу за тоа како живееле луѓето на тоа место и како нивните активности се менувале со текот на времето. Она што го пронајдовме беше за време на и по ерупцијата на Тоба. Луѓето тогаш живееле постојано на местото и нема докази дека тоа влијаело на нивниот секојдневен живот - вели еден од истражувачите Ерик Фишер од државниот универзитет во Аризона.

Доказите за човечка активност во областа всушност се зголемиле по ерупцијата, што е сосема спротивно на претходните истражувања кои велеа дека вулканската зима предизвикана од Тоба го довела човештвото до раб на исчезнување, небото со години било полно со пепел, одземајќи им ги сончевата светлина, вегетација и живот на нашите предци. Но, со се што знаеме, или мислиме дека знаеме, за катастрофалните последици од суперерупциите, како ова непрекинато преживување било можно? Ова е само шпекулација, но тимот мисли дека животот е подобар на брегот - не само генерално, туку и во смисла на античкки техники за преживување апокалипси. Примероците кои биле откриени, а се првите кои го покажуваат влијанието на Тоба врз населението, се од крајбрежните области. Истражувачите сугерираат дека можеби живеењето крај брегот било она што ги извлекло луѓето од мракот на смртоносната вулканска зима. На други места други заедници, кои биле оддалечени и по 9.000 километри од Тоба, можеби и немале толку среќа. Секако, тоа е само хипотеза засега, но идните истражувања можеби ќе помогнат да се открие што навистина се случувало кога Тоба еруптирал.

Благодарение на некои нови аналитички техники, веројатно нема да помине многу време пред криптотефрата од археолошките локации открие точно што се случило со луѓето кои ивееле подалеку од морето и тогаш ќе откриеме колку навистина била уништувачка ерупцијата.

-Ова е како Светиот грал за геохронологијата - вел археологот Куртис В. Марин од Државниот универзитет во Аризона.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука