НАСА успеа да полета хеликоптер на друга планета и да произведе кислород таму. Сега стаса и првата фотографија направена од височина од малиот хеликоптер „Инџенуити“. Ова беа достигнувања за кои веројатно во иднина ќе се учи на часовите по историја, но и настани кои удираат силни темели за идни истражувања на Марс и на Сончевиот Систем.
И порано сме виделе фотографии од Црвената Планета, но од орбитата, а овој мал хеликоптер ја снимил додека бил на висина од само 5,2 метри.
Така, на фотографијата може да се видат разни детали и траги од роверот „Персеверанс“, кој е верен сопатник на хеликоптерот.
НАСА планира и нови летови за хеликоптерот, кој би требало да прати уште фотографии од Марс.
Автор: Иван Хрушковец
Извор:
24sata.hr
Фото: NASA