Уметничките дела на Алекс Чинек го прават секојдневието неверојатно. Ова е филозофијата на овој британски уметник, а тоа најдобро го покажува неговата скулптура наречена „Вринг ринг“ (англ. Wring Ring).
Станува збор за метална скулптура на класична британска телефонска говорница. Извитканата скулптура изгледа како да е згмечена и преобликувана од џиновска рака со натчовечка сила и е изложена во деловниот кварт Асембли Бристол.
Создавањето на скулптурата траело околу две години, а биле искористени околу 500 кг бронза.
- Имам изработено згради кои се топат, лебдат и се виткаат, но ова е веројатно најпредизвикувачката скулптура што сум ја направил - напиша уметникот на социјалните мрежи.
„Вринг ринг“ е осветлена, па им го привлекува вниманието на минувачите дури и навечер. Оние што првпат ќе поминат покрај скулптурата ги тријат очите од неверување.
Телефонската говорница не е првиот предмет што Алекс успеал да го „изврти“.
Во изминатите пет години, едно поштенско сандаче наречено „Алфабети шпагети“, како и две улични светилки изложени во Бристол го добиле своето извртено издание.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото: