X
 09.01.2019 Забава

Американците го открија ѓезвето во 2019 година!

Една од најпознатите веб-страници за храна во Америка, „Итер“, неодамна на „Твитер“ објави текст со наслов: „Оваа алатка од 10 долари ќе го замени вашиот апарат за кафе“. Генијалната и револуционерна алатка всушност е ѓезвето, кое во самиот текст беше наречено „турски грејач за кафе“.

Овој „турски грејач за кафе“, според текстот, е нешто со кое повеќето читатели на веб-страницата не се воопшто запознаени, па затоа во текстот се објаснува како се користи. Авторот на текстот се повикува на познатата готвачка Рим Асил, која објаснува дека нејзината мајка некогаш правела кафе во ѓезве (што и понатаму се нарекува турски грејач за кафе), така што сомеленото зрно кафе го меша во вода, го остава да зоврие и чека да се направи пена, па зрнцињата кафе да паднат на дното.

Револуционерно!

Но, „турскиот грејач за кафе“ не е спектакуларен само затоа што во него се прави кафе, туку затоа што може да се користи и за други работи. Авторот на текстот објаснува дека ѓезвето некогаш се користи и за топење чоколадо, правење разни кремови и сирупи, а понекогаш и за зовривање вода и правење чај. Замислете, чај во грејач за кафе.

Шегата настрана, бидејќи турското кафе не се пие во Америка, не е ни чудо што не користат ѓезвиња. Сепак, доста е забавно да се види како претставуваат нешто ново и револуционерно иако постои со векови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава