X
 27.06.2018 Живот

Зошто Американците веќе не одат на одмор?

Не многу одамна Американците одвај чекаа да одат на одмор. Долгите патувања со автомобил беа особено популарни. Рој фамилии одеа на екскурзии на Големиот Кањон, во националниот парк Јелоустоун или Јосемити. Одморите често вклучуваа неколку дестинации и траеја по најмалку една недела, а некогаш и две.

Поради некоја причина, можеби економска, сѐ помалку Американци одат на одмор. Големата рецесија во 2008 година беше речиси депресија и ефектите што таа ги предизвика траеја со години. Рецесијата од 2001 година не беше толку тешка, но два економски падови направија Американците да не се толку опуштени при земањето одмори.

Всушност, некои истражувања покажуваат дека премногу американски работници не го земаат одморот кој им е потребен за да се релаксираат. Едно истражување направено од страна на „Кимбл“ меѓу 1.200 работници вработени на цело работно време, кои работат за компании што нудат платен одмор, даде загрижувачки резултати. Еден од тие резултати е дека околу 47 отсто не го искористиле целиот одмор оваа година. Повеќе од 20 отсто имале повеќе од пет дена неискористен одмор. Некои од причините за ваквото однесување идентификувани од истражувањето се:

  • Имањето премногу работа (27%);
  • Чувствувањето притисок од работодавецот или менаџерот да не зема одмор (19%);
  • Стравувањето дека ќе има премногу работа кога ќе се врати од одмор (13%).

Дури и оние што зеле одмор имале проблеми. Околу половина од нив рекле дека се пријавувале на работа додека биле на одмор, а речиси 20 отсто рекле дека тоа го прават секој ден. Околу 30 отсто дека тоа го прават периодично.

Околу 14 отсто од испитаниците верувале дека тоа што нема да земат одмор би било добро за нивните кариери. Исто така, 7 отсто се плашеле дека нивните барања нема да бидат одобрени, а  29 отсто се очекувало да бидат на готовс во итен случај.

Претходна студија направена меѓу 7.000 американски работници покажа дека 43 отсто од испитаниците не зеле одмор затоа што се плашеле од обемот на работата кога ќе се врателе. Истовремено, 32 отсто од испитаниците во ова поголемо истражување истакнале дека не можат да си дозволат одмор.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот