X
 09.01.2019 Економија

Еве колку изнесуваат платите во Европа, а за колку пари работиме ние

Последните податоци објавени од Државниот завод за статистика покажуваат дека во септември просечната нето-плата во Македонија изнесувала 24.355 денари (396 евра).

Ова покажува дека Македонија има една од најниските просечни нето-плати на Балканот: Словенија се наоѓа на прво место со 1.077 евра, Хрватска со 832 евра, Босна и Херцеговина со 456 евра, Црна Гора со 512 евра, Србија со 422 евра, Македонија со 396 евра и Албанија со 378 евра.

Според објавените податоци, највисоката нето-плата во Европа се исплаќа во земји што не се членки на ЕУ - Швајцарија (4.370 евра), Исланд (3.568 евра), Норвешка (3.309 евра), додека во рамките на ЕУ, највисоката просечна нето-плата е исплатена во Данска (3.270 евра), Луксембург (3.159 евра) и Шведска (2.570 евра).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија