X
 21.01.2019 Образование

Најдобрите и најлошите земји за наставниците

Наставниците во Лос Анџелес, САД, првпат во 30 години со штрајк бараат покачување на платите, помали класови и повеќе вработени кои би помагале во работата. Просечната наставничка плата во американската сојузна држава Калифорнија за учебната 2016/2017 година била 78.711 долари, што е еден од најголемите просеци во САД.

Во меѓувреме, според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), почетната плата за наставник во Луксембург кој предава во средно училиште и нема искуство е околу 79.000 долари. Најголемата плата за постар наставник е 137.000 долари.

Податоците од ОЕЦД откриваат големи разлики меѓу највисоко и најниско платените наставници низ светот. Погледнете ја анализата на платите на наставниците во светот според тоа каде предаваат и според полот.


Платите на наставниците во основните училишта
Фото: Business Insider

Во Луксембург, една од најбогатите земји во светот, наставник без искуство може да очекува за кратко време да заработи повеќе отколку што наставниците во речиси сите други земји можат да се надеваат да заработат во текот на целата кариера.

Истовремено, платите во трите најплатени земји и кога ќе го достигнат врвот се под почетната плата во земјите што се на првите десет места на најдобро платени. Корејските наставници почнуваат со 28.350 долари, додека чешките, унгарските и полските наставници не треба да очекуваат дека ќе заработат повеќе од тоа во текот на нивните кариери.


Платите на наставниците во средните училишта
Фото: Business Insider


Доминацијата на Луксембург и на Швајцарија продолжува и на листата со наставници од средните училишта. Исто така, корејските наставници забележуваат најголеми скокови во платата во текот на нивната кариера.

Иако нов наставник во Кореја заработува само 27.702 долари во текот на првата година, додека да ја прослават 10-годишнината нивните плати се зголемуваат на 41.875 долари и кога ќе се достигне врвот, тие заработуваат 77.979 долари.

Австрија е единствената земја што бележи значителен скок од платата на наставниците во основните и наставниците во средните училишта. Наставниците од средните училишта, кога ќе го достигнат врвот, заработуваат околу 9.000 долари повеќе од оние од основните училишта.

Луксембург не доминира само со висината на платите, туку и со нивото на еднаквост. И наставниците и наставничките таму заработуваат околу 95.000 долари кога ќе го достигнат врвот.

Тоа не може да се каже за другите земји во топ-петте, каде што има разлики од неколку илјади долари во полза на мажите.

Во земјите каде што има најмали плати има и помали разлики.

Приказната е слична кога станува збор и за наставниците од средните училишта. Луксембург ги плаќа со приближно 109.000 долари.

Кај ниедна земја од најлошите пет не се забележува разлика во платата кога станува збор за полот, поголема од илјада долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование