Повеќето Американци изгледа дека не знаат каде е Иран, дури и во време кога се чини дека САД се на раб да влезат во војна со оваа земја од Блискиот Исток.
Нова анкета на „Морнинг консалт“ покажува дека само 28 отсто од американските регистрирани гласачи знаат да покажат каде се наоѓа Иран на неозначена мапа од Блискиот Исток, Европа, Северна Африка и Јужноцентрална Азија.
Само 23 отсто од испитаниците знаеле точно да го идентификуваат Иран на мапа од целиот свет, дури и додека 69 отсто мислеле дека нападот во кој беше убиен Касем Сулејмани ја направил војната со Иран поверојатна.
Екипа на „Индепендент“ излегла на Тајмс сквер за да побара од луѓето да го најдат Иран на зумирана мапа од
регионот.
Од десетина лица што се обиделе да го решат квизот, само еден точно ја идентификувал локацијата на Иран - млад човек од Франција.
Многу од другите посочуваат кон околните земји - еден го избира Авганистан, друг покажува кон Туркменистан, а трет кон Саудиска Арабија. Една жена дури и покажува кон Србија, додека еден маж набрзина покажува кон Франција пред да си помине.
- Иран е некаде тука во Источна Африка - вели еден човек покажувајќи кон Египет.
Потоа тој додава дека ја следи кризата иако не знае да ја најде земјата на мапа.
Еден човек, ветеран на морнарицата, кој вели дека бил распореден на Блискиот Исток во 90-тите години, сугерира дека Иран не е на мапата која му е дадена, пред да покаже кон Туркменистан откако се увери дека не е трик-мапа.
Погледнете како изгледа сето тоа.