Германија се обидува да ги прежали трагичните настани во Минхен кои се случија во петокот. Девет луѓе беа убиени, а 27 повредени кога 18-годишно момче изврши напад со огнено оружје.
Али Давид Сонболи нападнал ресторан на МекДоналдс на 5-годишнината од кога Андерс Беринг Брејвик убил 77 млади луѓе и повредил над 200.
Сонболи, кој бил роден во Германија а има иранско потекло, бил очигледно многу фасциниран од пукањата.
Сепак Сонболи немал поврзаност со Исис, и иако имало сведоци кои тврделе дека тој извикувал „Allahu Akhbar”, многу докази покажуваат дека тој извикувал навреди кон странците.
Академикот, новинар и едитор Алекс Шамс напишал објава на Фејсбук каде го изразува иранскиот идентитет и концептот на сведоци како знак за супериорност. Тој вели дека од деветте луѓе кои ги убил, тројца биле Турци, тројца биле Косовари и еден бил Грк. Тој очигледно целел кон муслимани и имигранти.
„Се чини дека Сонболи, германското момче со иранско потекло кое уби 10 луѓе во Минхен вчера, било под влијание на написите од десното крило - исламофобичните европски екстремисти и бил полн со омраза кон имигрантите генерално, а особено Турците. Од деветте луѓе што ги убил, тројца биле Турци, тројца Косовари и еден бил Грк. Се чини дека специфично целел кон муслимани и имигранти.
Многумина се прашуваат како дете на ирански имигранти би можело да биде под влијание на луѓе како Брејвик, христијански екстремист кој убил 77 луѓе во Норвешка во 2011 во терористички напад насочен кон „мултикултурализмот“.
Некои Иранци - посебно од дијаспората - се согласуваат со расистичката теорија промовирана од европските мислители во раниот 20ти век. Ова ги комбинира нивните несогласувања за нивната влада - што премногу често се трансформира во исламофобија, бидејќи не се способни да ги разликуваат дејствувањата на иранската влада и Исламот, во целост. Оваа чудна идеологија е обид од Иранците во дијаспората да се разликуваат од останатите имигранти со тоа што тврдат дека се блиску до Европа и „белците“.
Патетично е, глупаво и премногу често меѓу депресивните 18-годишни Иранци во дијаспората, односно луѓето како Дејвид Сонболи. Иако била напуштена во Европа по употребата од страна на Хитлер во холокаустот, во Иран (и Индија) идејата дека Индијците, Иранците и Европејците споделуваат генетска нишка и дека оваа нишка ги разликува од Турците, Арапите и „Муслиманите“ како категорија се уште е присутна.
Европскиот екстремизам се комбинира совршено со оваа теорија - популарна меѓу младите ирански мажи кои поминуваат премногу време исмевајќи се на луѓе на интернет. Се комбинира со насилната исламофобија, каде омразата кон Исламот, Арапите, Турците и за сите други кои не се дел од теоријата се спојуваат во расистички спој.
Ова е повик за будење за иранската дијаспора: ДОСТА од овие псевдо-научни теории, ДОСТА со оваа исламофобија маскирана како критика на иранската влада, ДОСТА со обидите за асимилација со обид за докажување на белоста на секаков начин. ДОСТА.“
Оваа објава на
Фејсбук беше споделена илјадници пати за помалку од 24 часа.