X
 09.03.2017 Економија

Што значи укинувањето на H-1B визата за работниците и бизнисот?

H-1B визите им овозможуваат на работодавците да донесат вешти странски работници, а околу 85.000 ќе бидат дадени оваа година. Овие визи се дадени преку лотарија и потребни се 6 месеци за апликациите да бидат разгледани. Но, владата најави дека од 3 април апликациите ќе бидат разгледувани за 15 дена.

кип на слобода


Трамп ги обвинува компаниите дека ја злоупотребуваат оваа програма за да вработат луѓе надвор од Америка на пониска плата. Моментално се средуваат апликации со цел да се намали времетраењето на процесот, но одложувања и застои сѐ уште ќе има и многу луѓе ќе бидат оставени во неизвесност.

Овие визи се всушност ветување од кампањата на Трамп дека ќе ја намали имиграцијата. Програмата најверојатно ќе се промени со тоа што ќе се доделуваат визи по заслуги, а не преку лотарија.

Според експертите, одлуката на Трамп да го стопира забрзаниот процес е првиот чекор надвор од системот на лотарија, а администрацијата ќе биде во можност да даде избере на кого да му даде предност за виза. На овој начин работодавците не можат да си го планираат бизнисот и да се однесуваат соодветно.

Руралните средини и техничките компании зависат од работниците од странските земји

Некои делови од Америка се потпираат исклучиво на работниците од страна. Илјадници доктори од страна имаат потреба од визите за да продолжат да работат во САД по истекот на нивните J-1 визи со кои им се дозволува да завршат програма за престој. Потоа тие можат или да се вратат дома 2 години додека не им се дозволи повторен влез во САД, како H-1B визите, или да се откажат од J-1 визите.

Недостаток на соодветни работници има и во Силиконската Долина, каде има потреба од инженери и други професионалци од техничките науки.

Времето на чекање за визите може да биде најболно за студентите. Оние кои дипломираат и се во САД со друг вид на виза, како J-1 или F-1 не можат да останат додека нивниот H-1B статус е во тек и не можат да почнат да работат. Мораат да се вратат дома додека чекаат оддобрување.
Надлежните велат дека има толку многу заостанати апликации што моментално се разгледуваат тие од Јули 2016.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија