X
 14.09.2023 Здравје

Тестенините не ја зголемуваат телесната тежина

Според ново истражување, редовното консумирање тестенини не доведува до зголемување на телесната тежина. Всушност, тоа би можело да биде составен дел од здравата исхрана и да помогне во слабеењето.

- Тестенините се главни јаглехидрати во многу култури, но тие се поврзуваат со вишокот килограми поради нивната позиција како рафинирани јаглехидрати - напишале нутриционистите Лиза Сандерс и Џоан Славин во истражувањето.

Тие анализирале 38 објавени студии кои ги разгледуваат внесот на тестенини и телесната тежина кај возрасните и децата и откриле дека диетите со тестенини генерално не се поврзани со шансите за прекумерна тежина или дебелина или се обратно поврзани. Со други зборови, тие не откриле врска помеѓу количеството на тестенини што ги консумираат луѓето и нивните шанси да имаат прекумерна тежина.

Всушност, една од студиите што ја истражувале дури посочила дека тестенините може да се вклучат во здрава исхрана и не придонесуваат за зголемување на телесната тежина, па дури и го попречуваат губењето на тежината, напишале нутриционистите.

Истражувачите ги анализирале податоците само за обични бели тестенини. Се чини дека истражувањето на Лиза и Џоана покажува дека тестенините неправедно се ставаат во групата на намирници како бел леб, ориз и компири. Начинот на кој ги подготвувате и служите тестенините може повеќе да влијае врз телесната тежина, според нутриционистите.

Тестенините треба да ги готвите „ал денте“ бидејќи со ова се задржува дел од отпорниот скроб во неварените тестенини, кои потешко се разложуваат на гликоза во дигестивниот систем и затоа е помала веројатноста да влијаат врз нивото на шеќер во крвта.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје