X
 09.02.2023 Живот

Колку чинеа брашното, лебот, млекото лани, а колку чинат сега?

Ви текнува кога на 1 јуни минатата година беа укинати антикризните мерки и се врати ДДВ на прехранбените производи, па имавме поскапување на речиси сите намирници? Оттогаш поминаа осум месеци и ние решивме да ги споредиме тогашните цени на лебот, брашното, млекото и на сончогледовото масло.

Напоменуваме дека станува збор за онлајн продавница со достава која е бесплатна по надминување одредена сума, што може да влијае врз формирањето на цената.

'Ржан тост-леб од 500 грама што во јуни чинеше 79 денари, сега чини 94 денари. 'Ржан леб од 450 грама кој на 1 јуни чинеше 99 денари, денеска во истата продавница се продава за 119 денари. Леб Д'антан од 450 грама во оваа онлајн продавница во јуни чинел 119 денари, а сега чини 145.



Поскапувањето на белото брашно е поблаго, па така килограм екстра бело брашно кое во јуни чинело 61 денар, сега чини 65 денари. Интегралното брашно од 900 грама кое во јуни чинело 56 денари, сега чини 62 денари. Но, пченичното црно брашно тип 1100 од 900 грама кое во јуни чинело 37 денари, сега чини 69.



Кога станува збор за млекото, може да се забележи прилично големо поскапување, со оглед на тоа што литар млеко со 3,2% масленост кое во јуни чинело 65 денари, сега по редовна цена чини 90 денари, но може да се купи на попуст за 82 денари, ама е со намалена масленост - 2,8%. Словенечкото млеко без лактоза кое во јуни чинеше 89 денари, сега чини 105 денари.



Намалување на цените може да се забележи кај сончогледовото масло, кое во јуни чинело 169 денари за литар, а сега се продава со редовна цена од 139 денари, но може да се купи и на попуст за 109 денари.



ТУКА можете да ги видите цените од јуни минатата година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот