X
 03.09.2024 Живот

Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор

Помалку трошоци повеќе за тебе - е мерката што денес ја донесе Владата, поточно Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училиштен прибор.
Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.

Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.

На големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10 %.

- Анализиравме увозни царински декларации на дел од производите и оние што се цени во малопродажбата и заклучивме дека многу производи денеска се предмет на монопол или дуопол. И монополот и дуополот си се договараат, ако се дуопол и монопол си прави што сака и практично цените некогаш се двојно поголеми од тие што се увозни.

Имаме да речеме увозна цена, на пример за еден маркер кој е 60,1 денари, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена на јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари.
Боиците, ако увозната цена е 69,5, се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која е увозна од 54,1 денари, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари. Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично би се намалил трошокот – велат од Влада.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот