X
 04.10.2016 Живот

Затвореникот кој шест години е во самица

Ова е приказната на затвореникот Кристофер Дај :

 

 

 

 

„Од 1996 година живеам во кафез, соочен со повеќе доживотни затворски казни заради злосторствата кои ми ги товарат. Јас сум одговорен за тоа.

 

Од 2010-та година затворен сум во самица, заради убиство на друг затвореник кој ме нападна со нож за време на утринската молитва. Според законот во Тексас, затвореникот може казнено да се гони, дури ако убиството е извршено во самоодбрана. Во самицата еден ден сигурно и ќе умрам. И за тоа сум одговорен.

 

Она за што не сум одговорен е смртта на еден од најдобрите чувари во затворот. Во вторник, 14 – ти јули 2015 година, чуварот Дејцисон ме испрати од дневната соба до мојата ќелија. Само што се беше вратил од Чикаго, каде што ја посетил својата ќерка и беше навистина среќен. Непрестано зборуваше како си поминал прекрасно. Жал му беше што не можел да го посети фестивалот Рибфест, фестивал кој секоја година се организира во чест на печените ребра, а тој морал да се врати на работа.

 

Следниот ден беше убиен.

 

Бидејќи во затворот во Тексас има хронични проблеми со безбедноста, Дејвисон и неговите колеги често мораа да работат прекувремено. Како постар чувар не можеше да бара преместување во некој затвор каде што работата би била помалку стресна, но не сакаше. Ми рече дека овде работи само заради плата. Поголемиот број чувари едноставно работат стресна работа на многу грди емста за да го прехранат своето семејство.

 

Дејвисон беше пријателски расположен со повеќето луѓе кои ги познавам и тоа од двете страни на затворските ѕидови. Работеше се, водоинсталатерски задачи, решеваше конфликти. Ја смируваше ситуацијата со насмевка на лицето, без разлика на тоа што му се случуваше во животот. Не зборуваше многу за себе, но знаевме само дека се развел и дека неодамна починала неговата мајка.

 

За неговото убиство дознав кога се вратив од трчање. По туширањето, се вратив во својата ќелија и почнав да одговарам на писмата кои ми пристигнале. Наскоро дојде моето време за „специјални активности“. Ги ставив слушалките и почнав да слушам различни радио станици, за да слушнам вести. Ме интересираше што лошо се случило во светот.

 

Ја слушнав реченицата која ме нокаутираше : „Во затворот во Тексас, убиен е чуварот Тимоти Дејвисон“. Невозможно, си помислев, мора да е друг Дејвисон во прашање.

 

Тимоти. Се викаше Тимоти, тоа не го знаев. Ако ги нарекуваме чуварите по име, можеме да западнеме во проблеми со управата, а тоа е наводно заради безбедносни причини. По мое мислење, избегнувањето на името е форсирано од страна на управата за да се зголеми тензијата „ние против нив“ во затворот.

 

Сигурно не е тој, Дејвисон кој им се допаѓа на сите. Но, сигурен сум дека чув : Тимоти Дејвисон, разведен татко на две деца“. Имав чувство дека не можам да дишам.

 

По се изгледа дека Дејвисон го следел затвореник од дневната соба до ќелиите. Затвореникот успеал да ги извади лисиците, да се бори со Дејвисон и да го собори на подот. Потоа ја зел железната рачка која се користи за дофаќање на садовите со храна во ќелиите и го претепал до смрт.

 

Ќерките на Дејвисон веројатно никогаш нема да дознаат како нивниот татко бил среќен за поминатото време со нив во Чикаго. Сигурно нема да дознаат дека ни рече дека би се возел и до Сибир ако треба, само неговата најмлада ќерка да му каже : Те сакам. И дефинитивно никогаш нема да дознае дека заради тоа што ни го раскажа ова, донесе малку светлост во ова мрачно и ужасно место “.

 


Кристофер Дај е 53-годишен затвореник во затворот во Тексас, каде што се отслужува доживотна затворска казна без можност за условно пуштање на слобода заради убиство извршено во затвор. Прв пат е осуден во 1996-та година, заради сторени сексуални напади. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот