Досега не можевте да го користите „Шазам“ за да пронајдете песна што сте ја пуштиле на слушалки, таа мораше да дојде однадвор за апликацијата да ја слушне, а потоа да ја препознае и да ве информира за која песна се работи.
Ако ја имате најновата верзија на апликацијата „Шазам“ или ако имате „ајфон“ со „иОС 17.3“, сега можете да најдете песна што ви се допаѓа, а сте ја слушале додека сте носеле слушалки. Еве како да ја активирате таа опција.
- За корисници на „иОС“, треба да влезете во Поставки > Контролен центар, а потоа да додадете „Препознавање музика“. (Settings > Control Center, Music Recognition).
-За „Андроид“, би требало да е сè однапред поставено, па само да ја изберете ја опцијата „Кликни за Шазам“ (Tap to Shazam), кога ќе повлечете со прстот од врвот на екранот. Ако ја немате таа опција, одете во апликацијата Шазам > Поставки и активирајте ја.
Извор: B92.net
Фото: Pexels