X
 14.12.2023 Технологија

Сега може да се уредуваат веќе испратени пораки на „Месенџер“

Апликацијата „Месенџер“ добива опција за уредување на пораките, слично како и „Вацап“.

Корисниците на оваа популарна апликација можат да ја уредат содржината на пораката што ја испратиле во период од 15 минути по испраќањето.

- Сега можете да уредувате пораки кои можеби се испратени прерано или кои едноставно сакате да ги промените по 15 минути откако ќе ги испратите. Сè уште можете да пријавите злоупотреба во изменета порака и „Мета“ ќе може да ги види претходните верзии на изменетата порака - објаснуваат од компанијата.

„Мета“ неодамна воведе безбедносно шифрирање на разговорите и повиците на „Месенџер“, со што се заштитени поединечните разговори помеѓу корисниците, но не и групните.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија