X
 09.03.2020 Живот

Почина легендарниот актер Макс фон Сидов

Макс фон Сидов, шведскиот актер кој имаше долга кариера со над 100 филма и серии, почина на 90 години.

Неговата најпозната улога беше во филмот „Седмиот печат“ (1957) во режија на Ингмар Бергман, во кој тој игра шах со Смртта. Исто така, тој глумеше и во филмот „Егзорцистот“ и во филмот на Вуди Ален - „Хана и нејзините сестри“ (1986).

Веста за неговата смрт ја објави неговата сопруга, продуцентката Кетрин Брелет.

- Со скршено срце и бесконечна тага го објавуваме заминувањето на Макс фон Сидов на 8 март 2020 година - изјави таа за „Париз Меч“.

Роден во богато семејство во Лунд, на шведското крајбрежје, Фон Сидов студирал во националното драмско училиште пред да се запознае со Бергман во 1955 година.

Сидов соработувал и со Дејвид Линч во 1984 година во текот на филмот „Дина“, чиј режисер бил токму Дејвид Линч.

sidov
Фото: Screenshot/Youtube

Во 1987 година шведската домашна драма „Пеле освојувачот“ му ја донела првата номинација за „Оскар“ за најдобар актер.

Фон Сидов продолжил да работи и во текот на неговите 70-ти и 80-ти години, комбинирајќи значителни улоги во Европа - од „Малцински извештај“ (2002) до „Робин Худ“ и „Oстровот Шатер“. Филмот „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ му донел втора номинација за „Оскар“ за најдобар актер во споредна улога.

Сидов успеал да ја освои новата генерација на обожаватели со гостувања во „Симпсонови“, во првата нова трилогија на „Војна на ѕвездите“ и како Триокиот гавран во шестата сезона на „Игра на троновите“.

Извор: The Guardian
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот