X
 09.03.2022 Живот

Укинат сертификатот за излез од државата и за влез во трговски центри, продолжена неговата важност, а бремените да се вратат на работа

Владата на вчерашната седница ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести со кои се укинува мерката за задолжително поседување ковид-сертификат за излез од државата, како и за влез во трговски центри, каде што останува обврската да се носат заштитни маски.

Обврската за задолжително поседување ковид-сертификат останува за влез во угостителски објекти каде што се служат храна и пијалаци кои се во состав на трговските центри.

„Владата го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележан ковид наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР-тест“, соопшти Владата.

На вчерашната седница по препорака на Комисијата за заразни болести Владата ја укина одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работните обврски со физичко присуство на работното место.

„Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат“, соопшти Владата.
Препораките од Комисијата за заразни болести претходно беа усвоени и од Главниот координативен кризен штаб.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот